Производните цени во индустријата во еврозоната во јануари паднаа за 0,9 отсто на месечна основа

Производните цени во индустријата во еврозоната се намалија за 0,9 отсто месечно во јануари, со исто темпо како и цените во Европската унија, објави денеска Евростат.

На годишна основа, цените паднаа за 8,6 отсто во еврозоната и за 8,4 отсто во ЕУ во однос на јануари 2023 година, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Во Европската унија продажните цени на интермедијарните производи се намалени за 0,1 отсто месечно, во енергетскиот сектор за 2,5 отсто, цените на трајните производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека цените на капиталните производи пораснале за 0,5 отсто, а цените на нетрајни производи на производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.