Италијанската економија со раст во последниот квартал од 2023 година

Бруто домашниот производ (БДП) на Италија порасна во последниот квартал од минатата година за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,6 отсто во однос на последниот квартал од 2022 година, потврди државниот завод за статистика.
Пораснале и извозот (за 0,2 отсто) и увозот (за 1,2 отсто).

Ова е втор последователен квартал на раст, откако италијанската економија исто така забележа раст од 0,2 отсто во третиот квартал од минатата година, додека првата проценка укажува на раст од 0,1 отсто.

Тримесечниот раст е еднаков на првичната проценка од крајот на јануари, додека годишната проценка за раст е ревидирана нагоре за 0,1 процентен поен, главно поради зголемените инвестиции, го резимира соопштението германската новинска агенција dpa.

На расходната страна, расходите за финална потрошувачка се намалени за 0,9 отсто, а инвестициите во постојан капитал се зголемени за 2,4 отсто.

Минатата недела, заводот за статистика, исто така, соопшти дека италијанскиот БДП пораснал за 0,9 отсто минатата година во споредба со 2022 година, во однос на јануарската проценка од 0,7 отсто и повисока од прогнозата на владата за економски раст од 0,8 отсто.