Закрепнување на германскиот извоз на почетокот на годината

Германскиот извоз закрепна на почетокот на годината поради побарувачката од земјите од Европската унија и Кина, покажаа податоците на Федералната канцеларија за статистика, Дестатис.

Извозот на најголемата европска економија се зголеми во јануари за 6,3 отсто во споредба со претходниот месец, открива Дестатис.

Според Хина, најмногу се зголемиле испораките на стоки во земјите од ЕУ, кои не се дел од еврозоната, и тоа за 11,7 отсто.

Извозот во другите членки на еврозоната исто така е значително зголемен, за 7,7 отсто. Најслаб раст е забележан во групата „трети земји“, за 3,1 отсто, но со раст од 7,8 отсто на испораките во Кина.

САД ја задржаа својата позиција како главна дестинација на германскиот извоз, но со 1,3 отсто помала вредност на извезената стока од декември 2023 година, на 12,5 милијарди евра.

Увозот на стоки во јануари е зголемен за 3,6 отсто во однос на декември, покажуваат податоците на Дестатис, како одраз на растот на пратките од Велика Британија.

Во јануари и Германија забележа најголема вредност на увоз во замена со Кина, од 10,4 милијарди евра, но споредбата со крајот на 2023 година покажува намалување од 1,1 отсто. Уште повеќе се намалил увозот од САД, за 5,2 отсто, односно на 7,8 милијарди евра.