Цената на нафтата падна

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути значително падна.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,05 на 148,55 јени.

Остриот пад на курсот на доларот во однос на јенот е резултат на шпекулациите дека јапонската централна банка би можела да ја прекине политиката на негативни каматни стапки веќе овој месец.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0895 долари, додека вчера во ова време беше 1,0845 долари.

Во фокусот на инвеститорите денеска ќе биде средбата на лидерите на Европската централна банка. Не се очекува намалување на каматните стапки, но пораките од ЕЦБ ќе бидат внимателно следени додека инвеститорите се надеваат на сигнали дека каматните стапки би можеле да се намалат во јуни.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се намали за 0,12 отсто, на 82,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,11 отсто, на 79,05 долари.