Побарувачката за германските индустриски производи се намали во јануари

Побарувачката за германските индустриски производи се намали во јануари 2024 година, по големиот број нарачки на авиони на крајот на 2023 година, покажуваат податоците на Дестатис.

Така, сезонски и календарски приспособените нови нарачки во индустрискиот сектор на најголемата европска економија паднаа за 11,3 отсто во споредба со декември минатата година, кога според ревидираните податоци тие се зголемија за 12 отсто.

Домашната побарувачка паднала во првиот месец од годинава за 11,2 отсто, а странската за 11,4 отсто, пренесува Хина. Заводот за статистика остриот пад на нарачките на месечна основа го припишува на силните резултати во декември.

Растот на нарачките на крајот на минатата година одразува екстремно голем број нарачки на авиони, објаснуваат статистичарите, исклучувајќи ги и повеќе од двојно зголемените нарачки за бродови и возови и зголемената побарувачка за метални производи со висока вредност и електрична опрема.