Украина ќе добие шест милијарди евра помош од ЕУ во следните два месеци

Во следните два месеци Украина ќе добие 6 милијарди евра од Европската унија како дел од четиригодишниот заем за Украина, изјави  украинскиот премиер Денис Шмихал.

Владата очекува да добие 4,5 милијарди евра во март и уште 1,5 милијарди евра во април, рече Шмихал на владина седница, пренесува Ројтерс.

„Украина ќе има ресурси да се бори и да победи. Тоа е нашата клучна цел и ќе направиме се што е можно за тоа“, рече Шмихал.

Податоците на украинското Министерство за финансии покажуваат дека Украина добила околу 73,6 милијарди долари воена помош во последните две години.

Министерот за финансии Сергеј Марченко рече дека на земјата и се потребни околу три милијарди долари месечно за да преживее во 2024 година.