Истанбул доби нов повеќенаменски луксузен комплекс-Zorlu Center. Зданието зафаќа површина од 619.595 метри квадратни, а во него се вклучени хотелот Raffles and Residences, културен и уметнички центар, бизнис центар и трговски центар.
Водечкиот турски бренд за продажба на мало Beymen во рамки на комплексот ја отвори својата најголема продавница до сега, која се простира на површина од 10.000 метри квадратни.
Во неа можат да се најдат парчиња облека од висока мода како и облека за широка потрошувачка, препарати за убавина, покуќнина, книги и дизајнерски брендови што ги нема на друго место во градот.
На приземјето се наоѓа Atelier Rebul, специјализирана продавница во која што се продаваат ексклузивни производи за убавина направени од лаванда, зелен чај и јасмин.