Храбра прогноза: „Електричните автомобили наскоро ќе бидат поевтини од автомобилите на бензин и дизел“

Електричните возила ќе бидат поевтини за производство од автомобилите со внатрешно согорување до 2027 година благодарение на новите производствени техники и пониските трошоци за батерии, рече Педро Пачеко, потпретседател за истражување во Гартнер.

Трошоците за батериите паѓаат, но трошоците за производство ќе паднат побрзо поради иновациите како што е „гигакастинг“ – кога големи делови од автомобилот се излеваат како едно парче, наместо да се користат десетици заварени и други начини за поврзување на елементите на возилото.

Пачеко и други експерти ја наведуваат Тесла како лидер во иновациите во намалувањето на трошоците за склопување и пионер во гигакастинг.

Стапката на транзиција кон електрични возила е забавена на голем број клучни пазари, вклучително и во САД и Европа, а експертите велат дека ќе биде од клучно значење за производителите на автомобили да исфрлат поевтини модели.

Трошоците за батериите паѓаат од година во година, рече тој, но падот на трошоците за склопување е нов фактор што ќе ги доведе електричните возила во еднаквост со автомобилите на бензин и дизел побрзо отколку што се мислеше, рече Пачеко за Automotive News Europe.