
Европската централна банка успеа да ја скроти инфлацијата без да предизвика економски пад, изјави членот на Управниот совет на Европската централна банка, Јанис Стурнарас.
„Монетарната политика беше успешна, и покрај сите критики“, изјави грчки функционер на настан во Лондон. „Постигнавме меко слетување“, ги објави неговите зборови Блумберг.
И покрај големиот песимизам од почетокот на војната во Украина, инфлацијата е во опаѓање, рече Стурнарас.
„Да, немаме значителен раст во Европа, но немаме ниту рецесија“, рече тој.











