
„Вирџин ерлајнс“ планира да им дозволи на патниците да ги носат своите крзнени миленичиња во авионот.
Доколку добијат зелено светло, тие ќе станат првата авиокомпанија во Австралија чии патници ќе можат да летаат со своите миленици во кабината во рок од 12 месеци.
Во соопштението за печатот насловено „Cat’s Out The Bag“, авиокомпанијата ја објави својата намера да биде „првата авиокомпанија во Австралија што ќе дозволи летање со домашни миленици“.
Во анкетата на социјалните мрежи во 2021 година, 85 проценти од следбениците на Virgin Airlines гласаа за авиокомпанијата да дозволи миленици да се во авионот. Дополнителни 57 отсто рекле дека би летале почесто доколку услугата стане реалност.
Во кабините би биле дозволени само мали раси на кучиња и мачки, а животните би морале да се сместат во просторот под седиштата. Исто така, миленичињата ќе мора да бидат во носилник и нема да смеат да шетаат низ авионот или да седат во скутот на сопственикот.
Оние кои ќе се одлучат за оваа опција ќе треба да платат дополнителна такса, но нејзината висина сè уште не е позната.
Патем, повеќето големи превозници во Северна Америка веќе нудат услуга за транспорт на домашни миленици во кабината, но само на домашни летови.











