Цените на контејнерскиот транспорт се неодржливо ниски

Глобалниот пазар на контејнерски транспорт се соочува со прекумерен капацитет во наредните години, а цените на превозот веќе паднаа на неодржливо ниско ниво, предупреди извршниот директор на данската компанија „Маерск“.

Поради вишокот капацитет, Маерск очекува помал профит оваа година, по рекордните резултати за време на пандемијата.

„Товарните стапки значително паднаа по добрата година во 2021 и 2022 година и всушност паднаа на неодржливо ниво“, рече Винсент Клер.

Маерск проценува дека глобалниот капацитет за транспорт на контејнерски товар по морски пат се зголеми за девет проценти минатата година, а треба да се зголеми за уште 11 проценти оваа година и за седум проценти во 2025 година. Тие, сепак, не набавија нови бродови.

Маерск минатата година најави дека ќе отпушти десет илјади работници, нагласувајќи на состанокот на акционерите дека ќе продолжи да се фокусира на контролата на трошоците.