
Германскиот пазар е еден од оние што го диктира темпото на усвојување на електричната мобилност. Но, засега ситуацијата не е добра. Укинати се државните субвенции за набавка на возила, а се очекува дури и пад на продажбата во 2024 година. Но, тоа не е единствената причина потенцијалните купувачи да ја преиспитаат својата одлука.
Високите цени на струјата исто така играат улога, сметаат експертите. Како што објасни експертот за транспорт Волф-Петер Шил од Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ) за Augsburger Allgemeine, постои сомневање дека некои добавувачи на електрична енергија ја искористиле кризата на цената на електричната енергија во 2022 година за трајно да ги зголемат цените.
Ценовната политика на електричните полначи ја загрозува посакуваната трансформација на пазарот и преминот кон електрични автомобили. Високите трошоци и збунувачките тарифи секако не и помагаат на електромобилноста, рече Шил.
Но, цената на електричната енергија, се разбира, не е единственото нешто што моментално ги одвраќа потенцијалните купувачи од електричните автомобили. Проблем се и високите цени на самите автомобили, високите трошоци за поправка на електричните автомобили и пред се големата загуба на вредноста на користените електрични автомобили.











