Дали знаете во која земја автомобилите мора да бидат бели?

Во Туркменистан автомобилите можат да бидат само во една боја – бела. Возилата со различна боја се отстранети од коловозот.

Би-би-си уште во 2015 година објави дека граѓаните на таа земја можат да купат само бел автомобил (наводно можна е и светло сива нијанса).

Последователно, беше објавена нова информација во која се предупредува дека властите ги отстрануваат сите автомобили кои не се бели од улиците.

Оваа владина одлука принуди многу возачи да бараат купувачи за своите половни црни, црвени, сини…, автомобили во други земји во близина на Туркменистан, бидејќи не можеа да ги поднесат трошоците за префарбување на возилото.

Дополнително, соочени со лавина од возачи кои сакаа да ја сменат бојата на каросеријата, цените во работилниците се зголемија.

Зошто бели автомобили? Владата не даде никакво објаснување во прилог на оваа одлука. Некои медиуми наведуваат дека претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов, кој сè уште е на власт, е суеверен и смета дека белата боја носи среќа, пренесува  Хак Ревија.