
Централната банка на Турција објави нови податоци поврзани со цените на недвижностите, и наведе дека цените сè уште растат.
Според податоците на Централната банка, просечните цени на становите се зголемени за 68 отсто на годишно ниво, земајќи ги предвид податоците од јануари 2024 година.
Ова особено се однесува на растот на цените во Истанбул, Анкара и Измир, каде во јануари е забележан раст од 1,3 до 2,8 отсто во однос на претходниот месец.
„Вредностите на индексите се зголемени за 54,8, 85,6 и 70,4 отсто во Истанбул, Анкара и Измир“, објавија турските медиуми.
Провинциите каде што цените на становите се зголемија најмногу ги вклучуваат регионите Агри, Ардахам, Карс и Игдир со годишен пораст од 103,8 проценти.
Цената на становите на крајот на 2023 година ја коментираше и поранешната гувернерка на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан, која изјави дека и покрај сите обиди не можела да најде соодветен стан во Истанбул.
„Не најдовме сместување во Истанбул. Страшно е скапо. Останавме кај моите родители“, вели Еркан.











