
Средбата се одржа на маргините на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година.
На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка. Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени.
Истакнувајќи ја подготвеноста на Северна Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Северна Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност.
Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.














