Мате Римац, основач на „Rimac Automobili“ и „Project 3 Mobility (P3)“, на Фејсбук најави нешто што наликува на претставување на прототип на роботакси за 26-ти јуни.
Од „P3“ веќе претходно најавија дека кон средината на оваа година официјално ќе претстават работен прототип на автономно електрично возило, па судејќи по сè, денешната најава на Римац може да се однесува токму на тоа.
„Кон средината на годината „P3M“ официјално ќе го претстави работниот прототип на нашето автономно електрично возило“, изјави Марко Пејковиќ за Јутарњи на почетокот на јануари, косопственик и извршен директор на компанијата „P3“.
Компанијата на Римац „Project 3 Mobility“ пред 10 дена објави дека ја лансира првата од серијата фази на тестирање на систем за автономно возење во Загреб. Првата активност во таа фаза е собирање на сообраќајни податоци.
За таа цел ќе се користат стандардни комерцијални возила опремени со напредна технологија потребна за мапирање на сообраќајниците, велат од компанијата. Тие додаваат дека сообраќајните податоци, како што се ширината на лентите, коловозите, сообраќајните знаци и другите ознаки, се неопходни за валидација на системот за автономно возење и калибрација на сензорите на сообраќајната средина во Загреб.
Фото: Facebook