Пораст на индустриското производство во септември за 5,1%

30

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември 2013 бележи пораст од 5,1% во споредба со истиот месец минатата година.

Гледано по сектори, пораст има во секторот Преработувачка индустрија за 4,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 32,6%. Намалување е забележано во секторот Рударство и вадење на камен од 8,9%.

Според главните индустриски групи, производството во септември во однос на истиот месец минатата година бележи пораст кај Енергија за 12,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 12,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,4%, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9% и Капитални производи за 8%.

Во периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани, индустриското производство е зголемено за 2,2%.