
Руската нафтена компанија „Газпром“ соопшти дека испорачува 42,9 милиони кубни метри гас дневно во Европа преку Украина.
„Газпром продолжува да испорачува руски гас за транзит преку украинска територија преку гасната станица Суја во износ одобрен од Украина. Количината за 12 мај е 42,9 милиони кубни метри. Барањето за транзит преку гасната станица Сохрановка беше одбиено“, рече портпаролот на Газпром, пренесува ТАСС.
Суја ја претставува единствената рута за руски гас до Европа, бидејќи Украина го запре протокот низ гасната станица Сохрановка во мај 2022 година.











