Јелен: САД ќе ја известат Кина пред какви било промени во царините за нивните производи

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен одби да даде какви било детали за очекуваните промени на американските царини за кинески производи, но рече дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ги извести кинеските власти пред каква било таква акција на Вашингтон.

Јелен нагласи дека таа и другите американски функционери јасно и ставиле до знаење на Кина дека можат „постратешки“ да ги реконфигурираат тарифите што беа воведени во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Таа додаде дека сите промени ќе бидат насочени кон тоа американските компании да можат да ја покријат домашната побарувачка во одредени сектори.