Stellantis ќе продава кинески електрични автомобили во Европа

Производителот на автомобили Stellantis ќе започне со продажба на електрични возила (ЕВ) од својот кинески партнер Leapmotor во девет европски земји од септември, со цел да ја прошири својата палета на евтини автомобили, објави шефот на компанијата Карлос Таварес.

Продажбата ќе се прошири во Јужна Америка, Блискиот Исток и Африка и Индија и Азија Пацифик почнувајќи од четвртиот квартал на 2024 година, рече Таварес во кинескиот град Хангжу, каде што е седиштето на Leapmotor.

Заедничкото вложување, наречено Leapmotor International, кое има 51 процент од акциите во Stellantis и има за цел да ги продава електричните возила на Leapmotor надвор од Кина, како и да ги произведува, базирајќи се на производствените бази на Stellantis.

Компанијата, објаснува Хина, е дел од поширокото партнерство склучено меѓу двете групи, откако минатата година француско-италијанската група објави дека купува 21 процент од акциите во Leapmotor за 1,6 милијарди долари.

Преку заедничкото вложување, Stellantis има ексклузивни права за производство, извоз и продажба на производи на Leapmotor надвор од Кина.

Тоа е прва таква можност за етаблиран западен производител на автомобили во време кога голем број кинески производители, вклучувајќи ги BYD, Chery и Dongfeng, најавуваат или размислуваат за нови производствени капацитети во Европа.

Ова соопштение доаѓа во време кога Белата куќа објави дека САД ги зголемуваат тарифите за електричните возила од Кина од 25 на 100 отсто.

Новите тарифи ќе важат не само за електричните возила, туку и за батериите и соларните панели, полупроводниците, пристанишните кранови и некои медицински производи како што се заштитните маски.