
Извозот на руска нафта во Кина во првите четири месеци од 2024 година се зголеми за 16,6 отсто на годишно ниво, на 37,8 милиони тони, покажуваат податоците објавени од Генералната управа на царината на Кина.
Вредноста на извозот на руската нафта во Кина за периодот од јануари до април 2024 година изнесува 22,16 милијарди долари, што претставува зголемување од 25,4 отсто на годишно ниво, пренесува ТАСС.
Русија сè уште е најголемиот снабдувач на нафта во Кина, а по неа е Саудиска Арабија, која во првите четири месеци од 2024 година и испорача на Кина 26,1 милиони тони нафта во вредност од 16,16 милијарди долари.











