
Aegean Airlines ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина – Скопје – Крф – Скопје – Атина. Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а кракот Скопје – Атина да се одвива во среда и недела наутро.
Во ревидираниот распоред на Aegean Airlines овие неделни летови се целосно укинати и тие два дена ќе ги нема ни летовите од Атина за Скопје. На тој начин сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни, пренесува Еxyuaviation.











