
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници, во патничкиот патен превоз, во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10766 илјади и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.
Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во
градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.











