
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,69 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,40 на 156,25 јени.
Сепак, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0860 долари, исто како и вчера во ова време.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,72 отсто, на 82,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,80 отсто, на 78,05 долари.











