(ВИДЕО)Темната страна на кинеската ефикасност: Ваквите “гробници“ за автомобили стануваат сè почести 

Во Кина развојот на електричните автомобили се одвива со молскавична брзина, но тоа има свои последици за оние модели кои не успеваат да се продадат на време.

Голем број електрични автомобили кои никој не ги сака, а кои се веќе застарени, се наоѓаат на импровизирани паркинзи во Кина, пишува американскиот весник Wall Street Journal.

„Вакви автомобилски гробишта има низ целиот град Хангжу, а во последните години таму се оставени застарени електрични возила“, се наведува во извештајот.

Се додава дека кинеската влада „напумпала“ пари во овој сегмент од индустријата и дека технологијата се развива толку брзо што едноставно нема време за модели кои брзо не ги пронаоѓаат своите сопственици.

Европа и САД се загрижени дека кинеското производство ќе биде премногу масивно за глобалниот пазар, бидејќи земјата има капацитет да направи речиси двојно повеќе од она што може да се продава во Кина, според WSJ.

Покрај владините субвенции, Кина има и доволно природни ресурси, како и индустрија потребна за ефикасно производство на електрични возила, се посочува во извештајот на американскиот весник.