Сбербанка објави дека издава златна кредитна картичка украсена со 26 дијаманти од 0,17 карати. Како што пишува во официјалното соопштение на оваа казахстанска банка, “ништо вака како оваа картичка не го истакнува високиот статус на нејзиниот сопственик”.
Еве неколку карактеристики на оваа картичка:
- направена е од чисто злато, жолто и бело
- тежи 40-50 грама
- излегува во лимитирано издание, само за првите топ 100 клиенти
- чини скоро 65.000 долари
- првата година се добива бесплатно, подоцна за 2.000 долари
- може да се користи во дуќани, ресторани, банкомати…
И порано се изработувале разни златни картички од разни банки како сувенири за своите ВИП клиенти, но ова е прв пат да може да се користи за плаќање.
Оваа златна картичка ќе биде понудена како придружник на стандардната пластична Visa Infinite credit card. Покрај златна картичка, сопствениците ќе добијат и животно и здравствено осигурување во висина од 265.000 долари, пристап до бизнис-класа салоните на 280 аеродроми, попусти во 800 хотели, ресторани, рент а кар ширум светот и други услуги како дел од Visa luxury програмата. Исто така ќе добијат бесплатен iPhone 5 и Montblanc картичка.