
„Avon Products“, „Air Liquide“ и „Reckitt“ продолжуваат да работат во Русија, и покрај претходните најави за планови за напуштање на земјата. Многу директори на странски компании моментално размислуваат дали воопшто да се повлечат од Русија.
Западните компании изградија по четири или пет фабрики за 30 години и не планираат да ги продаваат „со попуст од 90 отсто“, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на податоци од Киевската школа за економија.
Според овие податоци, од 2022 година, повеќе од 2.000 транснационални корпорации останале во Русија, додека околу 1.600 компании или го напуштиле рускиот пазар или ги прекинале своите активности на територијата на земјата. Многу компании ветија дека ќе ги намалат своите активности набргу по објавувањето на војната во Украина, но Русија постепено ја зголеми цената на „корпоративното заминување“, пренесува Комерсант.
Француската компанија Air Liquide, еден од најголемите светски производители на гасови, технологии и услуги за индустријата, потпиша во септември 2022 година меморандум за разбирање со локалното раководство за промена на своето работење во Русија преку трансфер на деловниот менаџмент. Сепак, договорот не беше одобрен од руската влада, а компанијата остана во Русија.
Компанијата Coca-Cola престана да ги снабдува своите сирупи за безалкохолни пијалоци во Русија, но Coca-Cola Hellenic, создадена од Multon Partners, во која спаѓа и Dobry Cola, новоименуван бренд со стариот вкус на Coca-Cola.
Според проценките на Ројтерс, странските компании изгубиле повеќе од 107 милијарди долари до март со напуштањето на рускиот пазар. Загубите вклучуваат отпис и изгубена добивка. Нивниот обем се зголеми за една третина од претходната проценка во август 2023 година. Во текот на последните три години, бројот на правни лица со странско учество во Русија е намален за една третина.











