Олимписките игри изгубија моќен спонзор

Јапонскиот производител на автомобили Тојота Мотор објави дека го раскина договорот со Меѓународниот олимписки комитет и дека од следната година повеќе нема да биде спонзор на Олимписките игри.

Компанијата потпиша спонзорски договор во 2015 година, кој истекува на крајот на тековната година, а истиот нема да биде продолжен, бидејќи Тојота смета дека средствата не се трошат ефективно, пренесува агенцијата Kyodo.

Во соопштението се додава дека компанијата ќе продолжи да го поддржува спортот во Јапонија.

Јапонската компанија Toyota Motor неодамна објави дека нејзината добивка во фискалната година која заврши на 31 март се удвоила на рекордни 4,94 трилиони јапонски јени или околу 29,6 милијарди евра.

Приходите на Тојота во истиот период исто така соборија рекорд, бидејќи пораснаа за 21,4 отсто на годишно ниво на 270,4 милијарди евра.

Компанијата има корист и од падот на јапонската валута во однос на американскиот долар, пренесува b92.