Глобалната транзиција кон обновливите извори на енергија забави во 2023 година

Глобалната транзиција кон обновливи извори на енергија во главните сектори кои трошат најмногу енергија забави во 2023 година, пред сè поради политичките несигурности, но и поради регулаторните нејаснотии и недоволно јасно поставените цели, објави  парискиот институт REN21.

Според порталот Oilprice, до крајот на минатата година само 13 земји во светот, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Индија и Кина, спроведоа мерки за преминување на обновливи извори на енергија во сите сектори на финална потрошувачка како градежништвото, индустријата, транспорт и земјоделство.

Во извештајот се додава дека многу земји дури ги напуштиле своите амбиции бидејќи од 69 земји кои имаа цели да го зголемат уделот на обновливата енергија во 2023 година, само 17 избраа да ги продолжат тие напори во 2024 година.