
На германските бензиски станици започна да се точи нов вид на Дизел гориво ХВО-100.
Пумпи за ова гориво постојат во неколку држави меѓу кои Белгија, Данска, Финска, Естонија, Латвија , Литванија , Холандија , Шведцка и Норвешка
ХВО-100 е хидраризирано билно масло кое што го исполнува европскиот стандард за квалитет EN 15940 за парафински дизел.
Има поголем цетански број (c80) од стандардниот дизел и помала содржина на сулфур и ароматични соединенија.
Се произведува од растително масло или суровини базирани на отпад.
Не сите автомобили се погодни за нови горива.
Кое возило може да го користи новото гориво зависи од одобрението на производителот за конкретниот модел.
Предностите за потрошувачот лежат првенствено во способноста да се вози на поеколошки начин.
Севкупно, новите дизел горива предизвикуваат до 90 проценти помалку CO2, вели ADAC.
Одлуката за префрлување на HVO-100 носи повисоки трошоци: разликата во цената кај пумпите изнесува од 15 до 20 центи.
Потрошувачката на овие горива би можела да биде малку поголема од онаа на конвенционалниот дизел, пишуваат германските медиуми.











