
Цените на природниот гас во Европа денеска на берзата ТТФ нагло пораснаа за 10,4 отсто на 37,8 евра за мегават-час поради падот на приливот на гас од Норвешка.
Цената на гасот во Европа е највисока во последните шест месеци.
Норвешкиот оператор на гасоводот Гаско објави дека имало инцидент во гасниот центар Слеипнир, кој потоа бил затворен, пренесува Ројтерс.











