
Приходите на светската воздухопловна индустрија во 2024 година ќе се зголемуваат годишно за 9,7 отсто до рекордни 996 милијарди долари, се вели во прогнозата што ја објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на конференција во Дубаи.
Организацијата, исто така, ја зголеми прогнозата за профитот за 2024 година за авиоиндустријата на 30,5 милијарди долари, откако во претходната прогноза од декември 2023 година прогнозираше профит од 25,7 милијарди долари, пренесува CNBC.
„Потребата на луѓето да летаат никогаш не била посилна, во 2024 година се очекуваат рекордни пет милијарди патници во воздушниот сообраќај“, рече генералниот директор на ИАТА, Вили Волш.











