
„Нашата иднина е ЕВ. Не инвестираме во возила со мотор со внатрешно согорување, тоа е сигурно“.
Toyota, Mazda и Subaru неодамна објавија дека ги здружуваат силите за да ја развијат следната генерација на мотор со внатрешно согорување.
Сепак, еден од преостанатите јапонски производители на автомобили зазеде радикално поинаков пристап со тоа што одлучи целосно да престане да инвестира во бензински и дизел погонски единици. Nissan тврди дека завршил со инвестирање пари во возила со мотор со внатрешно согорување.
Австралиското списание Drive разговараше со високиот потпретседател на компанијата и главен директор за планирање за регионот на Африка, Блискиот Исток, Индија, Европа и Океанија (AMIEO) за тоа што можеме да очекуваме во иднина.
На прашањето дали Nissan има намера да развива нови мотори со внатрешно согорување, Франсоа Бејли одговори:
„Нашата иднина е ЕВ. Не инвестираме во возила со мотор со внатрешно согорување, тоа е сигурно“.
Тој истакна дека преминот од автомобили со конвенционален погон на целосно електрични модели ќе се врши преку технологијата e-Power на Nissan, пренесува Б92.











