Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка АД – Скопје

219

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка АД – Скопје известува дека на ден 03 јуни 2024 година Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка АД – Скопје.

Инаку Стојановски има повеќедецениско работно искуство во финанскиски сектор,  вработен е во Стопанска банка АД – Скопје од 2009 година.

Тој е Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на СБ од март, 2020 година. Претходно, од 2010 година, ја извршуваше функцијата Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на СБ. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, успешно ја градеше кариерата во Народна банка на РСМ на значајни позиции, меѓу која и Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.
Стојановски е магистер по економски науки од областа на монетарната економија на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.