Александра Максимовска Стојкова е избрана за Претседател, а Ванчо Чифлиганец за Заменик претседател на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

102

Согласно член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на конститутивната седница на Надзорниот одбор на Банката, одржана на 04.06.2024 година, Александра Максимовска Стојкова е избрана за Претседател, а Ванчо Чифлиганец за Заменик претседател на Надзорниот одбор.

Александра Максимовска Стојкова поседува репутација на реномиран професор
по правни науки на Правниот факултет Јустинијан I на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј“ – Скопје. Тaa ја познава финансиската состојба и профилот на
ризичност на Банката, ги почитува законските одредби и договорните обврски,
соработува со супервизорските органи и ја почитува корпоративната култура и
вредности на Банката. Таа активно учествува во разгледување на прашањата
поврзани со регулаторните барања за работењето на Банката, надзорот врз
управувањето со пазарните и репутациските ризици, извештаите од работењето
на органите на Банката, како и останатите прашања од надлежност на
Надзорниот одбор.

Ванчо Чифлиганец, со своето знаење и искуство на долгогодишен стопанственик
и професор по економска геологија и менаџмент, а сега и сопственик и менаџер
на успешна компанија, има познавања и разбирање на воспоставеното
корпоративно управување и улогата на Надзорниот одбор во Банката. Тој ја
познава финансиската состојба и профилот на ризичност на Банката. Ванчо
Чифлиганец објективно и независно ги извршува своите надлежности и врши
независна и објективна оцена на решенијата кои се предлагаат од другите
членови на Надзорниот одбор и самостојно ги анализира одлуките и предлозите
на Управниот одбор.