Руски богаташ официјално презеде позната хрватска компанија

Рускиот бизнисмен Денис Стенгелов преку компанијата Flexway adriatic стана сопственик на 75 отсто од Звечево.
Акцијата ја купи од Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција. Токму толку ќе треба да им платат на малите акционери за купување на нивните акции, потврди  Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги.

Алвир ја продаде компанијата за 11 милиони евра. Штенгелов ja поседува и контролира КДВ, голема компанија за храна во Русија. КДВ се занимава и со производство на слатки и е сопственик на малопродажниот синџир Јарче! со повеќе од илјада супермаркети во Русија.

Стенгелов, руски државјанин, со години живее во Австралија, а Украина го стави на списокот на санкционирани лица. Но, Европската унија не, па тој би можел да ја заврши трансакцијата. Тој работи преку неговата компанија Flexway, со седиште во Дубаи.