
Унгарската државна компанија Corvinus и францускиот коинвеститор Vinci Airports го купија аеродромот во Будимпешта од поранешниот главен акционер Avialliance и малцинските акционери, се вели во денешното соопштение на компанијата Avialliance .
Министерството за економија на Унгарија забележува дека купувањето на аеродромот чинело 3,1 милијарди евра, со продолжување на претходно доделените заеми од 1,44 милијарди евра, пренесува Ројтерс.
Корвинус стана мнозински сопственик на аеродромот со 80 отсто од акциите, а неговиот француски партнер Ванси ќе ги има останатите 20 отсто.











