
Европските берзански индекси денеска бележат најголем пад, нафтата и златото поскапеа, а пченицата е нешто пониска од вчера.
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) вчера одлучи да ја намали референтната каматна стапка за главните операции за рефинансирање на 4,25 отсто, каматната стапка на депозитите на 3,75 отсто и маргиналната каматна стапка на 4,50 отсто.
Инфлацијата во еврозоната ослабе, како и инфлаторните очекувања, додека монетарната политика задржа рестриктивни услови за финансирање, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.612,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.281,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.034,44 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.200,2 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 38.886,17 поени, додека индексот S&P 500 падна на 5.352,96 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.170,64 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 75.581 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 79.869 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32,9 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.377,80 долари за унца, а цената на пченицата падна на 6.3106 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08975, што е приближно исто како во четвртокот.











