Усвоен ребалансот на Буџетот за 2013 година

47

Sobranie_-_the_Macedonian_AssemblyСобранието на Република Македонија го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година со кој дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9%, а финансирањето е од Буџетот. Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која првите осум месеци е 10% повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Буџетот за 2013 година се реализираше како што е ветено.

Собранието по предложниот ребаланс расправаше три дена.

Во рамки на денешното продолжение на седницата пратениците ја почнаа расправата по предложените измени на Законот за генетски модифицирани организми.