
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, активното население во Република Северна Македонија е 788.909 лица, од кои вработени се 687.351, а 101.558 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.4, додека стапката на невработеност е 12.9.











