
Производителот на автомобили Stellantis повлекува 211.581 SUV и пикап камиони поради софтверски дефект што може да предизвика проблеми со нивните електронски системи за контрола на стабилноста.
Компанијата објави дека проблемот произлегува од неисправниот систем против блокирање на сопирањето кој пак го деактивира системот за контрола на стабилноста.
Системот е клучна безбедносна карактеристика што спречува губење на контролата во итни ситуации, пренесува CNN, кога возачот ќе ја изгуби контролата над возилото, како на пример на замрзнати или поплавени патишта.
Користењето возило со оневозможен систем за стабилност може да ја зголеми веројатноста за судар, објави во четвртокот Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Бројни студии покажаа дека електронските системи за контрола на стабилноста имаат тенденција да ги намалат сообраќајните несреќи, особено судирите и превртувањето.
Моделите што се отповикуваат се Dodge Durango од 2022 година и Ram 2500 и 3500 од истата година. Најпогоден е најчестиот Ram 2500, со речиси 158.000 повлечени камиони.
Stellantis најави дека ќе започне да ги известува сопствениците на повлечените возила на крајот на јули. Купувачите, посочуваат, ќе можат да ги носат своите автомобили кај дилерите за бесплатно да ги ажурираат проблематичните системи на нивните возила.











