
Повеќето индустриски компании во Германија се за воведување казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина. Повеќе од 80 отсто од компаниите рекоа во истражувањето дека заштитните мерки се барем делумно во ред доколку Кина неправедно субвенционира е-возила.
Во март и април, Германскиот економски институт (IW) анкетираше речиси 900 компании, како и агенции за индустриски услуги.
Во мај, САД воведоа специјални царини од 100 отсто за увоз на е-автомобили и други производи од Кина. Вашингтон го обвинува Пекинг за кршење на правилата за пазарна конкуренција.
Европската комисија исто така размислува за казнени тарифи за кинеските е-возила, а одлуката се очекува веќе оваа недела.
Германските производители на автомобили, кои најголемиот дел од својот профит го остваруваат во Кина, предупредија на штетата од увозните царини. Скептицизам неодамна изразија и канцеларот Олаф Шолц и деловните здруженија.
Според пресметките на Институтот за светска економија во Кил (IfV), можните царини на Европската унија може значително да ја зголемат набавната цена на е-автомобилите.











