Првиот човек на НЛБ: Хрватска е главниот мотив за преземање на Адико банка

72

Лидерот на словенечката банка открива што се крие зад интересот за австриската групација.

Раководството на НЛБ деновиве им ја објасни на инвеститорите понудата за преземање на Адико банка. Првиот човек на НЛБ вели дека нивната понуда не може да се нарече изненадувачка.

„Нашата понуда не може да биде големо изненадување бидејќи со години сигнализиравме дека сме заинтересирани за проширување“, изјави Блаж Бродњак, претседател на управниот одбор на НЛБ, на презентацијата на понудата за преземање на Адико банка, пренесува љубљански Финанце.

Блаж Бродњак не го криеше главниот мотив зад преземањето на Адико банка, која беше создадена од поранешната Хипо банка и работи на пазарите во поранешна Југославија. За разлика од НЛБ, Адико работи и во Хрватска. „Хрватска е најголемиот пазар во регионот и ние сме многу заинтересирани“, рече Бродњак.