Европските индекси во пад, Московската берза погодена од американските санкции

Европските берзански индекси денеска се во пад, како и цените на нафтата и златото, додека Московската берза се справува со американските санкции и го прекина тргувањето со долари и евра.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 18.585,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.207,30 поени, францускиот CAC 40 на 7.848,04 поени, а московскиот MOEX на 3.118,80 поени.

„На девизниот пазар и на пазарот на благородни метали се врши трговија со сите инструменти освен со валутни парови со американскиот долар и еврото, додека на берзата и пазарот на пари, како и на пазарот на стандардизирани деривативни финансиски инструменти , тргувањето се врши со сите инструменти освен со инструменти платени во американски долари и евра“, се вели во соопштението на Московската берза.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.712,21 поени, додека S&P 500 индексот се искачи на 5.421,03 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.610,79 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.119 долари, а на нафтата „брент“ на 82.266 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35.200 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.314,44 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6.1918 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08082, што е приближно исто како и во средата.