Каде и што најмногу се градеше во земјава?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 36 880 167 илјади денари.
Од нив, 18 951 263 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 874 објекти, а завршени се вкупно 3 445 станови со вкупна површина од 243 815 м2, од кои 3 415 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот итн.