Во јули Банката на Русија би можела да ја зголеми референтната каматна стапка на 17 до 18 отсто

Банката на Русија (БР) во јули би можела да ја зголеми референтната каматна стапка на 17 до 18 отсто, изјави денеска шефот на одделот за монетарна политика на таа банка Кирил Тремасов.

Тој додаде дека на јунската средба веќе биле на маса предлозите за зголемување на каматната стапка од сегашните 16 отсто за 100 и 200 базични поени.

Тремасов изјави дека Банката на Русија сепак одлучила да ги чека економските податоци за мај и јуни за да донесе евентуална одлука за поскапување.