Садула Дураки поднесе оставка од позицијата Неизвршен член и Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Македонски Телеком АД – Скопје известува дека г. Садула Дураки поднесе оставка од позицијата Неизвршен член и Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје поради неговиот избор како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија во смисла на неспојливост на функцијата согласно член 9 од Законот за пратеници.