Цената на нафтата падна – на златото порасна

Европските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, а нафтата од типот „брент“ се продава за 82 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.221,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.158,99 поени, францускиот CAC 40 на 7.638,36 поени, а московскиот MOEX на 3.170,18 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.647,10 поени, додека индексот S&P 500 порасна на 5.433,74 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.665,90 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.187 долари, а на нафтата „брент“ на 82.442 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35,585 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.311,64 долари за унца, а цената на пченицата падна на 6,1444 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07235, што е приближно исто како во четвртокот.