Фото: Pixabay
Малите и средни претпријатија, кога станува збор за донесување на одлука за набавка на деловен софтвер, во својот избор балансираат помеѓу перформансите и квалитетот на понудените решенија, а кои треба оптимално да ги задоволат потребите на компаниите.
Еден од клучните критериуми според кои се ориентираат малите и средни претпријатија е деловниот софтвер да биде лесен и едноставен за употреба и да ги задоволува основните потреби, вклучувајќи материјално, комерцијално и финансово работење.
Меѓутоа, тука се поставува и прашањето – кои се придобивките од употребата на деловниот софтвер, ако истиот ги покрива само основните потреби за оперативните активности? Денеска се поголем број од менаџерите и сопствениците се соочуваат со потребата од алатки кои ќе им помогнат на брз и едноставен начин да ја согледаат состојбата во компанијата, и ќе го помогнат процесот на донесување на квалитетни одлуки.
Еден модерен делвен софтвер како што е PANTHEON, на менаџментот треба да му обезбеди брз и едноставен пристап до:
- Контролни табли за најзначајните индикатори од работењето
- Графички приказ на структурата на побарувања и обврски
- Обем на продажба – за различни временски интервали
- Дневни извештаи за паричниот тек – автоматски генерирани и доставени на е-маил
- Анализа на планиран обем на продажба, приходи, расходи – во споредба со реализација
PANTHEON e софтвер за деловно работење, во кој е интегриран модул за бизнис интелегенција – ZEUS. Оваа алатка на менаџерите им помага да ја анализираат нивната работа и позицијата на компанија на пазарот, да го надгледуваат напредокот и соодветно да го планираат нивниот раст. PANTHEON е дизајниран да го задоволи буџетот на малите и средни претпријатија, а фокусот повторно е на продуктивноста и неговата едноставност и лесна употреба.
Бизнис интелегенција вклучува контролни табли, извештаи, анализи и планови за различни аспекти на компанијата. Нуди предности за сите вработени кои се важни за успехот на компанијата, не само за менаџерите. Ја нуди можноста за креирање на голем број типови на извештаи и анализи кои се потребни за секојдневна работа. Менаџерите имаат при рака брза алатка за да прават различни анализи и прецизни бизнис планови.
Една од главните предности на PANTHEON ZEUS е неговата едноставна употреба – може да ги прикажете извештаите во форма на табели или дијаграми кои може да бидат испечатени, сочувани или пренесени во MS Excel за понатамошни анализи.
Планирањето на бизнисот често се избегнува од страна на малите и средно-големи претпријатија заради комплексноста и времето кое го одзема. PANTHEON обезбедуваа генератор на план кој генерира планови врз основа на претходни резултати. Планирањето е можно за продажби, нарачки и буџети за било кој временски период и според било кои параметри (субјекти, земји, артикли, класификации на артикли, организациски единици итн). Планираните резултати може лесно да се споредат со реализираните податоци преку апсолутни и релативни разлики, индекси и слично.
Контролни табли – Погледнете веднаш каде се наоѓа вашиот бизнис
Она што PANTHEON ZEUS го прави единствен, е неговата достапност и примена од страна на малите и микро претпријатија. Контролните табли кои содржат клучни индикатори за бизнис перформансите се достапни и во најмалата верзија на програмот PANTHEON, наменета за малите и микро претпријатија.
Зошто бизнис интелигенцијата е најзначајната менаџерска алатка?
Бизнис интелигенцијата го помага менаџментот од повеќе аспекти. Тековната обработка на податоците од страна на финансовиот сектор, преку PANTHEON ZEUS се структурирани на начин што на менаџерите им овозможува само со еден поглед врз контролната табла да ја согледаат ликвидноста на компанијата, да ја видат структурата на побарувањата на купувачите и задолженоста.
Наместо секојдневно да го прашувате сметководителот колкави се финансиските средства на жиро сметките, PANTHEON ZEUS секое утро може да ви испраќа табела со состојбата на сите жиро сметки на вашата е-маил адреса.
Ако билансот на успех претходно беше извештај кој менаџерите го анализираа еднаш годишно при подготовката на завршната сметка, со PANTHEON ZEUS тоа е извештај кој менаџерите го добиваат на дневно ниво и во секој момент можат да ја проценат успешноста на својата компанија.
Бизнис интелигенцијата воведува нова димензија во работењето и одлучувањето на менаџментот. Наместо продажбата да се анализира преку ексел извештаи кои ги подготвува комерцијалниот сектор, со PANTHEON ZEUS добиваме графички приказ за трендот на продажба по било кој критериум – временски интервал, класификации на артикли, купувачи, маржи… Анализата по различните критериуми може да ни даде многу јасна слика како се движат работите и трендовите во продажбата. На пример, преку PANTHEON ZEUS можеме да анализираме продажба за еден купувач кој од нас набавува повеќе од минатата година, но престанал да купува од нас еден артикал. Тоа веднаш значи – аларм! Некоја конкурентска фирма не истиснува од пазарот кај нашите најдобри клиенти.
Современите менаџери своите одлуки повеќе не можат да ги засноваат на половични и “повремени“ информации добиени од секторот за комерција или сметководство. Единствено, тековните информации кои бизнис интелигенцијата ги прикажува на структуриран начин, лесно разбирливи и прегледни, можат да бидат основа за квалитетни одлуки за натамошен раст и развој на компаниите.
Ако бизнис интелигенцијата до сега беше една од најмоќните алатки кои во секојдневното работење ја користеа менаџерите на големи светски корпорации, со PANTHEON ZEUS и малите, микро компании на дланка ги имаат најважните податоци од кои е условен успехот на нивното работење!