Норвешкиот извоз силно се зголеми во мај 2024 година, како одраз на растот на испораките на нафта и гас, објави статистиката на Норвешка.
Извозот е поголем за 9,9 отсто во однос на истиот месец лани, додека увозот речиси стагнирал.
Трендот на пораст на извозот е поттикнат од растот на испораките на сурова нафта, за 26,8 отсто во однос на истиот месец лани. Значително се зголемија и испораките на природен гас, за 6,6 отсто.
Кога се исклучени гасот, нафтата и опремата за јаглеводородниот сектор, извозот во мај се зголеми за само 1,4 отсто на годишна основа.
На месечно ниво, вкупниот извоз е намален за 4,4 отсто, пренесува Хина, а увозот најмногу стагнирал.
Во однос на април 2024 година, извозот на нафта е намален за 9,4 отсто, додека извозот на гас е зголемен за 5,2 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика.
Кога ќе се исклучи извозот на нафта, гас и опрема за секторот јаглеводороди, испораките се намалени за пет проценти во однос на април.
Надворешно-трговскиот биланс за мај покажа суфицит во размената на Норвешка со светот од 5,15 милијарди евра, за 29,4 отсто поголем од истиот месец лани. Во однос на април е намален за 10,8 отсто.